КОЈ Е ЧОВЕКОТ ОД КОЈ ОТВАРА МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР? „Јане Сандански“ во гаражата на Божинов
Реакциите во
бугарските медиуми не стивнуваат откако 62-годишниот Борислав Божинов најави
дека на пролет ќе отвори македонски лкуб во неговиот двор. Тој се изјснува како
Македонец, а неговото семејство кое е од Пиринска Македонија, прво се населило
во Шумен, а потоа во селото Крумово.
– Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански” или „Македонија”. Младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност. Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов.
Како што вчера пишуваше Фактор, тој сам ќе ја финансира изградбата на македонскиот клуб, кој ќе биде сместен во неговата гаража. Клубот се очекува да биде отворен напролет.
