Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е човекот кој личи на Шербеџија и се сликаше во штабот на Левица?

Кој е човекот кој личи на Шербеџија и се сликаше во штабот на Левица?

Човекот за кого може на прв поглед да се каже дека е двојник на легендарниот актер Раде Шербеџија, всушност е Славко Митевски (56) од Скопје. Тој е советник на Левица во Општина Карпош.

За ,,Фокус” тој вели дека денешниот настан, кога се најде во центарот на вниманието на домашната јавност, бил нешто кое постојано му се случува, па на крај целата случка му била смешна.

„Раде не ми беше инспирација, случајно беше со редослед на настани и многу луѓе влијаеа на мојот изглед“, вели Славко.

Митевски е дипломиран професор по одделенска настава.  Работел година ипол со децата во Домот 11-ти Октомври. Околу тоа дека поради сличноста со Шербеџија често му се случувало луѓе да го запрат, па дури и да не му веруваат кога им кажувал дека тој не е славниот актер. 

Познатиот регионален и светски актер Раде Шербеџија вчера присуствуваше на отворањето на новата канцеларија на Левица во Ѓорче Петров е речницата која збуни многу граѓани. 

Слично

Поврзани вести