Кој е адутот на Нинџа со кој бара амнестија?
Александар Василевски - Нинџа, обвинет за настаните од 27 април лани во Собранието, побарал амнестија затоа што не носел качулка и оружје.
Нинџа поднел барање за амнестија, пренесува НОВА.
Василевски побарал амнестија, со објаснување дека не бил организатор на упадот во Парламентот, не носел качулка на главата и не носел оружје.
Во рок од пет дена, Судечкиот совет ќе треба да одлучи дали барањето за амнестија ќе биде прифатено, а Нинџа амнеситран.
Барање за амнестија поднесоа и пратеникот Крсто Мукоски, обвинетите Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски.
Барање за амнестија до сега поднеле 23-ца од вкупно 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.Најверојатно првите амнестии ќе се случат пред Нова година.
Нинџа на суд месецов изнесе информации за тоа што се планирало за 27 април, од кого добивале наредби, кого следеле, и дека се планирало шефот на државата, Ѓорѓе Иванов да прогласи воена состојба.
