Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој беше Џељо Ајети и зошто се најде на мета за отстрел?

Кој беше Џељо Ајети и зошто се најде на мета за отстрел?

44 годишниот човек кој на лице место почина на 30 минути по полноќ при престрелка на улицата „Рузвелтова“ е Наим Ајети, брат на Џелал Ајети кој беше убиен во 2013 година. 

Џелал Ајети беше убиен во ноември 2013 година во неговата чајџилница „Кај Џељо“ во скопската населба Ченто. Убиецот со калашников влегол во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми. Ајети беше убиен додека седел на маса со уште три лица, маскирано лице влегло и со автоматско оружје почнало да пука кон нив.

На истото место три години претходно таму беше убиено петнесетгодишно момче, внук на сопственикот кој таму работел како келнер. Тогаш полицијата се сомневаше дека момчето било случајна жртва а цел на нападот бил Џелал.

И во 2009-та неговата куќа на два пати беше мета на боmбашки напади. Вооружената пресметка меѓу две криминални банди во кафуле на кејот на Вардар од 2008-ма исто така стои во криминалното досие на Џелал Ајети.

Ајети имал дебело полицискo досие, бил вмешан во низа инциденти и во судири со други познати криминалци.

Против него имало поднесени 18 кривични пријави.

Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство се дел од кривичните дела за кои се гонел. 

Ајети бил дел во скопското подземје, познат и како нарко бос и човек кој се занимавал со лихварство.

На социјалните мрежи објавувал фотографии каде се гледа дека е во друштво на познати бизнисмени. 

Мотивите за убиството останаа нејасни. 

Слично

Поврзани вести