Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои закони ги усвои Собранието откако Иванов ги врати?

Кои закони ги усвои Собранието откако Иванов ги врати?

На денешната 94 седница Собранието усвои повеќе закони кои претседателот на државата, Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците. 

Околу 20 закони кои Иванов не ги потпиша пратениците, денеска по втор пат ги изгласаа. 

Тука спаѓаат законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност. Пратениците ги изгласаа и законите за изменување и дополнување на законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Заменикот претседател на Собранието Горан Мисовски, информира дека во согласност со информацијата од претседателот со која го информира Собранието дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, а Собранието овие закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.

СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и дека и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Од Кабинетот на Иванов,  одговорија дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, „веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.

Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести