Кои стоки најмногу се фалсификуваат?
Според податоците од Царинската управа, во првите девет месеци од 2018 година, во 46 акции привремено се задржани 87.947 парчиња сомнителна стока. Најсомнителни се козметичките производи и тие учествуваат со 34 отсто во вкупниот број привремено задржани стоки, следат текстилни производи со учество од 18 отсто, обувки со учество од 10 отсто и други производи со учество од 42 отсто.
Фалсификуваната стока се уништува, но ако станува збор за облека и обувки, законот дозволува откако ќе биде ребрендирана, односно отстранети логоата и марките, да биде донирана на социјално загрозени граѓани. Во овој период, со одлука на Владата, бесплатно се остапени 1.514 парчиња стока на евидентирани приматели на социјална помош.
Слично
