Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои сопартијци и функционери заедно со Груевски се сомничат во истрагата „Талир“ на СЈО?

Кои сопартијци и функционери заедно со Груевски се сомничат во истрагата „Талир“ на СЈО?

Како што веќе јавноста дозна за новите истраги на Специјалното јавно обвинителство прв осомничен во две од истрагите е лидерот на партијата.

Во случајот „Талиер“ како што соопшти СЈО постои основано сомнение дека партијата која е во заминување незаконски се финансирала, односно од 2009 до 2015 година, екс премиерот прифатил незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Парите, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот или да ги донираат во хуманитарни цели, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.

Освен Никола Груевски кои се другите осомничени ?

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“ што го отвори СЈО, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет, пренесе БИРН.

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски, како генерални секретари на партијата. Голем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата се наоѓаат на тапет на СЈО поради сомнеж дека дозволиле партијата да се финансира на незаконски начин. Тука се и Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести