Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои собраниски комисии денес ќе имаат седници

Кои собраниски комисии денес ќе имаат седници

Пет собранииски комисии за денеска во Собранието на Република Северна Македонија имаат закажано се седници. И тоа на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Додека членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за минатата година

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за ланската 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

А,членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.


Слично

Поврзани вести