Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

Во четири скопски општини има повеќе од 100 заразени со коронавирус.

Чаир е на врвот подолго време. Таму има (152), Аеродром (132), Карпош (108) и Гази Баба (103). Зад нив се Центар и Кисела Вода со 98 и 96 активни случаи. Во Шуто Оризари коронавирус имаат 81 лице, во Ѓорче Петров заразени се 73 лица, во Бутел 65, а во Сарај 44. 

Студеничани има 35 активни, Арачиново – 19, Илинден – 17, Сопиште – 10, Петровец – 8, Чучер Сандево – 8, Зелениково- 5. Три лица се водат како странци. 

За 24 часа во земјава има повеќе оздравени од заболени. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.  

Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.

Слично

Поврзани вести