Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ ШЕСТ ГРАДА ЈА ПОБЕДИЈА КОРОНАТА И СЕГА СЕ „ЧИСТИ“ - еве што велат извештаите

КОИ ШЕСТ ГРАДА ЈА ПОБЕДИЈА КОРОНАТА И СЕГА СЕ „ЧИСТИ“ - еве што велат извештаите

Со оглед на последниот извештај на Институтот за јавно здравје кој датира од вчера, во шест града во земјава, односно во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со коронавирусот КОВИД-19.

Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.

Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во нив не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.

Слично

Поврзани вести