Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се туристите број еден во Македонија?

Кои се туристите број еден во Македонија?

Во септември во земјава имало 103.787 туристи, при што најбројни биле гостите од Турција, Србија, Полска и Германија. 

Бројките пoкажуваат дека земјава во тој период ја посетиле 11.187 турски државјани, по што следат тие од Србија, 7.617, од Полска, 4.647, Германија, 4.314, Бугарија, 2.900, Грција, 2.485.  Во септември оваа година, езерските места ги посетиле 46.594 туристи, а во Скопје се регистрирани 35.729, на планинските места 4.649, на бањските 3.276, а други места посетиле над 13.000 туристи. Хотелско сместување користеле 85.498 туристи, од кои 24.114 одбрале хотели со пет ѕвезди. 

Со години гостите од соседните земји и од Турција се најбројни. Поради пандемијата на коронавирусот, две години туризмот беше во застој. 

foto freepik.com/rociochiappino

Слично

Поврзани вести