Кои се трите услови кои Бугарија ги бара од Македонија за да не стави вето за почеток на преговорите со ЕУ
Бугарските
медиуми веќе ги објавуваат условите кои Македонија треба да ги вклучи
преговарачката рамка, а како што пишува „Mediapool.bg“, тоа се: добрососедските
односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, да се користи
официјалното уставно име на државата, а не краткото, и формулацијата за јазикот
наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.
Порталот ги објави овие барања уште во текот на вчерашниот ден, како што наведуваат, од дипломатски извори.
Според бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов, земјава не е подготвена започне преговори, бидејќи, како што вели во интервјуто за „Брисел 1“, македонската влада се обидува повеќе од три години да не го спроведува Договорот со Република Бугарија.
-Не можам да разберам зошто некои надворешни набљудувачи ги мешаат улогите. Бугарија не аплицира за членство. Бугарија е земја-членка, Македонија аплицира за членство во ЕУ и треба да биде свесна дека обврските што ги презема со склучување на договори. Во Македонија, сепак, се чини дека постои и продолжува да постои идејата дека некој ќе ја притисне Бугарија во последен момент и Бугарија ќе попушти. Постојат обиди да не убедат на еден или друг начин, но Бугарија ги брани своите национални интереси. Ја гледаме Македонија сега, во ситуација на кандидат-членка, но со агресивно однесување, со очигледните тврдења кон Бугарија - за малцинство, кражбата на историјата, говорот на омраза против Бугарија и замисли го Скопје утре во ЕУ . Кој ќе победи во ова ситуација? Бугарија дефинитивно ќе изгуби ако има сосед како Македонија, која е членка на НАТО и ЕУ и која има сличен тон и однесување, вели Каракачанов.
Актуелниот спор со Бугарија денеска беше и во центарот на вниманието на словенечкиот Институт за блискоисточни и балкански студии, во чија анализа е наведено дека е незамисливо во 21 век Бугарија да ги оспорува идентитетот и македонскиот јазик.
