Кои се сите собраниски амнестии од 1991 до сега?
Собранието синоќа ја изгласа својата шеста амнестија од државното осамостојување па до сега, по одобрувањето од страна на пратениците со 95 гласа „за“ да им се намалат казните и да се ослободат од вина дел од обвинетите за упадот во законодавниот дом на 27 април лани.
Како што пишува „Мета“, првата собраниска амнестија е донесена во 1991 за затвореници и лица осудени со правосилни пресуди, но кои не отпочнале со издржување на затворските казни по формирањето на новата унитарна држава како независен субјект надвор од југословенската федерација.
Во 1999 година се носи втората собраниска амнестија за кривични дела со кои била предизвикана верска, национална и расна омраза наменет за градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Ајладин Демири и Руфи Османи, како и учесниците во обидот за отворање на нелегален универзитет во Мала Речица и познатите настани во Тетово..
Во 2002 година, согласно сп Охридскиот рамковен договор.се амнестираат учесниците во конфликтот од 2001 година, а подовна преку автентично толкување и Хашките случаи во 2011-та.
Во 2003 преку законодавниот дом се ослободени од вина сите граѓани кои ја одбегнувале воената обврска и самоволно се оддалечиле од вооружените сили.
На почетокот на годинава следуваше амнестија за затворениците псудени до шест месеци и помали казни за 30 отсто за оние кои не направиле тешки кривични дела со цел да се ослободи повеќе простор во затворите и така да се направат подобри услови.
