Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ „ОГНЕНИТЕ“ НА ДУИ И ЗОШТО ГРУБИ И ОСМАНИ СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ВОЈНИЦИ НА ГРУЕВСКИ: Меџити ги појаснува работите

КОИ СЕ „ОГНЕНИТЕ“ НА ДУИ И ЗОШТО ГРУБИ И ОСМАНИ СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ВОЈНИЦИ НА ГРУЕВСКИ: Меџити ги појаснува работите

„Огнените“ бевме клучен фактор кога ДУИ требаше да се отцепи од Никола Груевски и да се ориентираме кон нова коалиција со Зоран Заев, да се промени името, да бидеме дел од НАТО. Тогаш дебата про и контра тоа беше меѓу мене и Артан Груби и Бујар Османи, тие беа последните војници на Груевски, вели Изет Меџити од ДУИ, во неделното интервју на Радио слободна Европа.

Нашата цел е да се исправиме, пред да се исправи народот, оти тогаш ќе биде касно. Слушнав дека тие се повикуваат на некаква одлука на централното собрание, тоа не е точно, централно собрание немало година дена. Претседателство не е свикано, камо ли собрание. Не знам од кои причини тие излегуваат на терен, но добро е што излегуваат, за да се сретнат со граѓаните и нека го слушнат народот, бидејќи ќе пресече кој е во право – ние или тие.

На лидерот Али Ахмети јавно му порачавте да не го пали јорганот за една или неколку болви. Ако главен проблем во партијата е Артан Груби, кои се другите болви, како што ги нарековте?

Во принцип мора да кажеме и во некои случаи да спомнеме некои имиња. Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата. Ние за атар на Али Ахмети, нашиот претседател преќутевме овие две години.

Што најмногу ви пречи кај Груби, за кој во јавноста се добива впечаток дека е десна рака на Ахмети?

Мене не ми пречи, проблемот е во тоа што во овие две години наместо да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена, во однос на реализација потфрлува и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество, чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа другата влада, а заборавам на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, тој е причината што ДУИ во овие 20 години е победник и што е сработено во овие 20 години.

Целото интервју на Радио слободна Европа

Слично

Поврзани вести