Кои се очекувањата на Стејт Департментот по одлуката за уставни измени?
Западните земји ја поздравија одлуката на македонското Собрание да пристапи кон уставни измени.
САД ја поздравува одлуката на Собранието да ги иницира уставните промени потребни да се имплементира Договорот од Преспа. Ова го соопшти Стејт Департментот.
Портпаролката Хедер Нојерт, изјави дека САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за напредок на стабилноста, безбедноста и просперитетот низ целиот регион.
Собранието вчера го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија одлуката на Собранието за пристапување кон измена на Уставот.Првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск го честиташе усвојувањето уставни промени. Тој рече дека Македонија со таа одлука е чекор поблизу до евроатлантската зедница. Со слична порака за нашата земја се огласи и известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл и европратеникот, Едуард Кукан.
