Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА: Од утре олеснето патувањето, но што треба да се приложи?

КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА: Од утре олеснето патувањето, но што треба да се приложи?

Откако германскиот Институт Роберт Кох, заедно со другите земји од Западен Балкан, ја тргна Македонија од т.н „црвена листа“, од утре веќе се олеснети патувањата во Германија и ќе важат нови правила.

За македонските граѓани кои ќе пристигнуваат во Германија на копнените граници целосно нема да важат ограничувањата односно обврските за дигитална пријава на патувањето, за негативен ПЦР-тест, како и за карантин, пишува денеска Дојче Веле.

Оние, пак, кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром и натаму ќе мора да  имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох. (РКИ).


Слично

Поврзани вести