Кои се новите пратеници и кого заменија во Собраниските клупи?
Смени во Парламентарниот состав.
Седум нови пратеници седнуваат во собраниските клупи на местото на новите градоначалници.
Вчера беа констатирани пратеничките мандати на Татјана Лалчевска, Анета Симевска Димовска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадиновски.
Овие пратеници доаѓаат на местото на Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски.
Бардиљ Даути од ДПА и Зеќирија Ибраими од БЕСА кои поднесоа оставка добија замена од Мерал Узеини (ДПА) и Реџеп Мемети (БЕСА).
Од вториот круг само двајца пратеници од собраниска, преминаа во градоначалничка фотелја Благој Бочварски во Штип (СДСМ) и Курто Дудуш во Шуто Оризари (СДСМ).
Слично
