Кои се новите членови на Одборот на директори на Мермерен Комбинат?
Мермерен Комбинат АД Прилеп преку Собранието на акционери донесе одлука за избор на нови членови на Одборот на директори на друштвото.
Така нови неизвршни членови се Христофорос Павлидис државјанин на Република Грција, роден на 10.12.1967 година во Атина, Николаос Димарелис државјанин на Република Грција, роден на 30.10.1959 година во Криа Вриси (Пела) и Теодорос Апостолопулос државјанин на Република Грција, роден на 06.08.1960 година во Атина.
Собранието на акционери на Мермерен Комбинат АД Прилеп исто така одлучи неизвршен член на Одборот на директори да биде и Зоран Пандев, државјанин на Република Македонија, роден на 03.04.1979 година во Скопје. Тој истовремено ќе биде и независен член на Одборот на Директори.
Според одлуката првиот член на одборот на
директори има право на годишен надоместок во вкупен
бруто износ од 3000 евра, кој ќе се исплатува квартално на четири еднакви рати.
Исто така е донесено задолжение Одборот на директори на следната седница од своите редови да избере Претседател на Одборот на директори.
Цената со која се тргуваат акциите на Мермерен Комбина сега изнесува 1000 денари со тоа што дивидендниот принос расте во последните три години.
Мермерен комбинат АД Прилеп во последниот период бележи многу позитивни резултати од работењето, па поопширната анализа може да ја прочитате во продолжение.
Колку девизи донесе извозот на македонски мермер за пола година?
