Кои се најплатените професии во Америка?
За лекари и адвокати секогаш има леб во Америка.
Ова го покажува истражувањето на Гласдур, агенција која се занимава со посредување при вработување.
Тие потврдуваат дека лекарите и адвокатите се најплатени во САД.
До овој заклучок дошле сумирајќи ги податоците за приходите во 2016 година.
Лекарите годишно во просек земаат по 180.000 долари, а се предвидува дека до 2024 година потребата за вработување на лекари ќе порасне за 14% или двојно повеќе од другите професии.
Адвокатите годишно заработуваат по 144.500 долари. Тие се веднаш зад лекарите според платите. За адвокатите секогаш има работа.
Добро котираат и менаџерите кои примаат по 130.000 долари годишно. Тие се потребни во секоја фирма за планирање, кадровски решенија, контролирање и слично.
