Кои се над 16 илјади граѓани од земјава кои на средината на јули биле во Грција, и како?
| ||||
| Инаку, поради зголемениот број поминувања кон соседните земји, но и поради зголемениот број позитивни случаи на граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Кирјакос Мицоакис, а по препорака на надлежните, ги заострува мерките на копнените граници, јавува дописничката на МИА од Атина. Односно, од 22 јули до 4 август за Грците и оние кои имаат дозвола за престој, влезот и излезот од земјата ќе биде дозволен само од шест гранични премини, соопшти портпаролот Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите. |
| Освен она што веќе е одлучено и е во сила за влез од Промахонас, од вторник кон среда 22 јули на полноќ, до 4 август, влезот на грчка територија за есенцијални поминувања дозволена е само од граничните премии Какавиас, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи, рече Пецас. Според него, и грчките граѓани, и оние кои имаат дозвола за престој, исто како и туристите, сега веќе ќе бидат обврзани да го пополнат специјалниот образец Passenger Locator Form (PLF). |
| Во однос на сезонските земјоделски работници портпаролот на грчката Влада објасни дека во случај да излезат од Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да влезат во земјата. |
| Пецас рече дека „тешката слика ја потврдуваат и резултатите“ од направените тестови по случаен избор. |
| А тоа се осум позитивни случаи од 866 тестови награничниот премин Какавиа со Албанија и 170 потврдени случаи на Ковид-19 од 19.676 анализи на Промахонас, со Бугарија, во периодот од 1 до 18 јули 2020 година. |
| Грчките државјани, досега имаа можност преку сите гранични премини да ги посетуваат соседните земји, без никакви контроли, а градоначалниците на пограничните градови упатуваа апели до Грците, да ги избегнуваат или да ги сведат на минимум нивните патувања во соседните земји, особено во Северна Македонија. |
| Нагласуваме дека коронавирусот е тука и бараме од сите грчки граѓани да ги избегнуваат непотребните движења во епидемиолошки оптоварените области, како што сега се оние на Балканот, порача Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите. |
| Доаде дека „Грција е и ќе остане здравствено безбедна земја“, а Владата ќе преземе и доополнителни мерки доколку биде потребно. |
| Во однос на контролите за почитување на здравствените протоколи и превентивните мерки за заштита од Ковид-19, Пецас рече дека од 17 јули до денеска биле спроведени 2.884 контроли во цела Грција, биле констатирани прекршувања во 144 случаи, изречена 161 казна во висина од 38.250 евра и вкупна забрана за работа од 30 дена. |
Слично
