Кои се кандидатите предложени за судија во Европскиот суд за човекови права?
Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска се предложени за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП).
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа и тој ќе даде конечна оценка.
Како што соопшти претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.
Двајца од избраните кандидати добиле по пет гласа, еден четири.
Покрај избраните, меѓу кандидатите биле Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.
Слично
