Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се кандидатите на СДСМ за градоначалници на Битола и Кавадарци?

Кои се кандидатите на СДСМ за градоначалници на Битола и Кавадарци?

СДСМ објави дека jа предложува професорката, Наташа Петровска од Универзитетот за туризам и менаџмент за кандидат за градоначалник на oпштина Битола.

„Битола, позната како најградскиот град, ќе добие жена-градоначалник.
Битола заслужува повеќе и подобро!“- напиша Васко Ковачевски од СДСМ на Фејсбук.

Пратеникот во Собранието на Република Македонија од Кавадарци, Бетиан Китев е кандидатот за градоначалник на СДСМ за Кавадарци.

Китев досега ја извршуваше функцијата пратеник во Републичкото Собрание. 

Слично

Поврзани вести