Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се Кафетинки?

Кои се Кафетинки?

Не се само мажите предодредени за спортско навивање. И жените може да се соберат во група да седнат на трибините и да навиваат страсно за својот клуб . Тоа го потврдува и навивачката група „Кафетинки“. Тие се први и единствени и се вистинска конкуренција на мажите и на нивните навивачки групи.

Постојат од формирањето на ракометниот клуб Алкалоид. На почетокот навивале поединечно, но од натпреварувачка сезона која започна на 1 септември 2024 почнаа и официјално да се организираат. 

-Првично се споивме 8 навивачки, љубителки на ракометот. Во неврзан разговор со нашиот генерален директор Живко Мукаетов му ја предочивме идејата да формираме навивачка група. Тој веднаш ни одобри и ни предложи групата да се вика Кафетинки. Засега не има околу 40, но секојдневно има интерес да ни се приклучи нова кафетинка. Профилот на  кафетинки е различен, вработени во Алкалоид, наши другарки, бивши ракометарки,сопруги на ракометари. Најбитно е што сите сме големи љубители на мак.ракомет – открива Наташа Вучидолова Ристовска, искусна навивачка и редовна гостинка на спортските трибини и дополнува дека го подржуваат клубот на секој натпревар кој се игра во салата Автокоманда.

Целиот текст на Женски магазин


Слично

Поврзани вести