Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се кадрите кои ќе раководат со МЕПСО?

Кои се кадрите кои ќе раководат со МЕПСО?

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, a Љупчо Зиков за директор на финансии и комерција на таа компанија. 

Ваква одлука донесе вчера Владата. 

Сашо Василевски е дипломиран правник кој во периодот од 2006 до 2008 беше заменик-министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање правосуден испит, а од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“. Тој  беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.

Слично

Поврзани вести