Кои се европските земји со најзагаден воздух?
Италија има највисоки локални концентрации на опасни PM2.5 честички во Европа. Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот на Европската агенција за животна средина (EEA), до 20 проценти од мерните станици во Европа регистрирале нивоа на загадување над тековните стандарди на ЕУ, објавува Euronews.
Во периодот од 2024 до 2025 година, највисоки годишни просечни вредности се регистрирани во јужна Италија. Градовите Чеље Месапика и Торкијароло имаа најлоши резултати, со мерење од 117 и 113 микрограми на кубен метар (µg/m³), соодветно, што е далеку над годишната граница на ЕУ од 25 µg/m³.
Покрај Италија, региони во осум други земји, исто така, ја надминаа границата во истиот период, вклучувајќи ги Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Романија и Турција.
Балканот и Источна Европа се регионите со највисоки проценети стапки на смртност на 100.000 жители поврзани со долготрајна изложеност на честички PM2.5.
Италија повторно се издвојува со проценета стапка од 101 смртни случаи, значително повисока од земјите со слична големина како што се Шпанија (41), Франција (34) и Германија (37). Најниските стапки се регистрирани во северна Европа: Исланд, Финска, Шведска, Естонија и Норвешка.
