Кои се двете земји кои се спремни да ни помогнат за гаснење на пожарите?
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, вели дека сите ресурси се оптимално распоредени и дека од Словенија и од Франција ни понудиле помош во справувањето со пожарите, со тимови од по 50 пожарникари и специјални возила за гаснење пожари.
Ангелов рече дека имаат контрола над сите ресурси, и локални и национални.
„Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме онаму каде што е неопходно. Наш критериум број еден во справувањето со пожарите се човечките животи, а потоа и имотот на луѓето“, рече Ангелов.
Тој повторно повика луѓето да направат заштитни појаси околу куќите.
фото принтскрин ДЗС
Слично
