Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се четирите нови пратеници кои влегуваат во Собранието?

Кои се четирите нови пратеници кои влегуваат во Собранието?

Четворица нови пратеници влегуваат во Собранието. 

Станува збор за Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, и Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“. Информацијата денеска ја потврдија од Државната изборна комисија.

Тие доаѓаат на местото на Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ, кои последниве два дена си поднесоа оставки. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески објави фотографии со нив и им поскапа успех.

Денеска оставките им беа верифицирани на собраниска седница.

Ниту еден од овие четворица пратеници денеска не ја образложи својата оставката пред колегите пратеници.

„Пратеничката фотелја боде кога политичката прагма станува поважна од моралот“, напиша Дурловски пред 6 дена на Фејсбук. 

До крајот на месецот би требало да финишира изборот на први луѓе на јавните и државни претпријатија.

Слично

Поврзани вести