Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се барањата од Касами кои засега не ги добива од Заев

Кои се барањата од Касами кои засега не ги добива од Заев

Лидерот на Беса, Билал Касами, пред почнувањето на последната фаза од уставните измени во согласност со Преспанскиот договор има барања од премиерот Зоран Заев кои по вчерашната средба не му се исполнети, но треба ставовите да се доближат до следната во вторник.

Од неофицијално извори медиуми пренесуваат дека Беса бара од Заев во државјанството во личните документи наместо „Македонско/граѓанин на Северна Република Македонија“, да стои само „Граѓанин на Северна Македонија“. Беса дополнително бара Албанскиот јазик да стане официјален на територијата на цела Македонија.

Засега ова не е целосно прифатливо за Заев, но до почетокот на собраниската расправа е дозволено пратениците да поднесуваат амадмани на амадманите.

Третата фаза од уставните промени започнува во среда и најмногу може да трае десет дена, иако се очекува да заврши многу порано.




Слично

Поврзани вести