Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои правници се предложени за во Судскиот совет?

Кои правници се предложени за во Судскиот совет?

Артим Ислами и Феузи Џафери се предложени за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. 

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот се пријавени 10 кандидати, од кои при проверката членовите на Комисијата за селекција утврдила дека тројца кандидати не ги исполнуваат условите за член на Судскиот совет, а со седумте кандидати кои ги исполнувале условите се спроведе јавна расправа за нивно претставување.

„Комисијата за прашања на изборите и  именувањата во рок од 10 дена од објавување на огласот формираше работна група за прелиминарна селекција на кандидати за членови на Советот. Работната група беше формирана во состав од Дитурије Елези Незири, претставник од Здружение на судии, Флора Илкоска, претставник од Адвокатската комора, Јелена Кадриќ, претставник на Здружението односно Фондацијата назначена од Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа на правосудството, владеење на право и човекови права и пратениците во Собранието, Александар Велјановски и Сања Лукаревска“, рече Сајкоски.

Комисијата спроведе јавна расправа за претставување и со кандидатите кои ги исполнуваа условите: Шпреса Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Елвир Исеини, дипломиран правник со положен правосуден испит од тетовското село Боговиње, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Равен, Фадил Џелили, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чегране и Фатмир Емрулау, дипломиран правник со положен правосуден испит од Кичево.

Слично

Поврзани вести