Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kои медиуми колку пари ќе „лапнат“ од Владата?

Kои медиуми колку пари ќе „лапнат“ од Владата?

Со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година, на 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари. 

Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година. На „Нова Македонија” се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат” – 14.277.742 денари, „Битолски весник” – 244.500 денари, „Заман” 903.092 денари, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал” 2.115.614 денари, „Коха” – 4.932.157 денари, „Вечер” – 7.255.047 денари, „Лајм” – 1.043.912 денари, „Фокус” – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис“ – 701.105 денари.

Претседателот на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми, Лирим Дулови, на прес-конференцијата ја изрази благодарноста за оваа поддршка за егзистирањето и работата на печатените медиуми и истакна дека Република Македонија е единствената земја од регионот која оваа иницијатива ја спроведува според модел што веќе се применува во повеќе земји членки на ЕУ.

Слично

Поврзани вести