Koи македонски градови се стресоа од грчкиот земјотрес?
Неколку македонски градови се стресоа од грчкиот земјотрес. Земјотресот го почувствувале граѓаните на цела територија на Република Македонија особено на повисоките катови, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од ноќеска ја следи сеизмичката активност и регистрира повеќе земјотреси кои се наоѓаат на 550 километри југозападно од Скопје, во соседна Грција во подрачјето на субдукционата зона западно од полуостровот Пелопонез.
Најсилниот земјотрес се случил во 54 минути по полноќ и бил со јачина од 6.8 степени.
Во Јонското Море имало над 10 потреси вчера и денеска.
Повредени луѓе завршија во болница.
