Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ ЌЕ БИДАТ: Нови шефови во БЈБ и УБК од редот на полицијата!

КОИ ЌЕ БИДАТ: Нови шефови во БЈБ и УБК од редот на полицијата!

Досега како шпекулација проструи името на Лазе Велковски како можен кандидат за челната позиција во БЈБ. Не се исклучуваат имињата и на Борче Петревски и Горан Николовски.

Велковски долги години е во МВР, а во време кога Спасовски беше „пржински“ министер, тој беше назначен од него за началник на СВР Скопје.

Петревски зад себе има долга кариера во МВР, а со доаѓањето на Спасовски за технички министер тој беше назначен за советник во УБК. Горан Николовски е актуелен началник на оддел во УБК. 

Со назначувањето на први луѓе во УБК и БЈБ ќе заврши „вмровската“ ера во МВР. 

УБК во препораките од Прибе

Две години по објавувањето на извештајот на Рајнхард Прибе, германскиот експерт на крајот од месецов повторно ќе дојде во Македонија за да ѝ помогне на новата влада да ги имплементира Итните реформски приоритети кои што произлегоа од неговиот извештај. Меѓу нив е и следењето на комуникациите. Во препораките пишува:

– На Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) треба да ѝ се одземе посредничката улога, со цел да нема нејзино мешање во независноста на другите надлежни органи кога се работи за следење на комуникациите (полиција, Царинска управа и финансиска полиција).

– УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал.

– Во врска со содржината на прислушувањето, истрагите за кривични дела треба да бидат сериозно разгледани, без двоумење и страв, на неселективен начин, при што приоритет треба да бидат оние со најсериозни злоупотреби.

– Парламентарните комисии за безбедност и контраразузнавање и за надзор на мерките за следење треба да се состанат веднаш и да се среќаваат редовно (со учество на сите партии избрани во Парламентот), со цел да се обезбеди парламентарна одговорност.

Слично

Поврзани вести