Кои ќе бидат избрани: Ова се имињата на кандидатите за новиот состав на Антикорупциска
Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски, Шемши Салаи се кандидатите за новиот состав на новата Антикорупциска комисија.
Денеска на седницата Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Билјана Ивановска е предложена за претседател на Комисијата бидејќи била најдобро рангирана од кандидатите кои конкурирале за местото претседател.
Останатите, како што рече претседателот на Комисијата Илија Димовски, што се подобро рангирани од неа конкурирале само за членови на Комисијата.
Да бидат дел од новата антикорупција беа пријавени 57 кандидати а секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени.
Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале нан интервјуата.
