Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои градови се разбудија со најниски температури?

Кои градови се разбудија со најниски температури?

Утрово најстудено било во  Маврово и Лазарополе каде се измерени -6 степени. 

Зад нив е   Струмица, Крушево, Крива Паланка со -5, -4 Ѓуриште, Пожаране, -3 Тополчани, Виница, Претор, Демир Капија, Битола, -2 Прилеп, Тетово, Штип, Куманово, -1 Дебар, Скопје, 0 Охрид, 1 Гевгелија, 2 Дојран.

Сончево со мала до умерена облачност ќе имаме денеска. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 4 степени.

Облачно и студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет ќе биде утре. Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер.

Од утре нашето подрачје постојано ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика  претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на работната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.



Слично

Поврзани вести