Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои градови ги стресе грчкиот земјотрес?

Кои градови ги стресе грчкиот земјотрес?

Грчки земјотрес ги вознемири жителите на повеќе македонски градови како Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 17 часот и 45 минути регистрирше земјотрес, 150 км југоисточно од Скопјe, во соседна Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Грција и денеска се тресе. Десетина земјотреси имало во Јонското Море. 

Слично

Поврзани вести