Кои функционери ќе бидат „изметени“ ќе знаеме за неколку дена
Следните денови, премиерот Зоран Заев и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети почнуваат разговори за реконструкција на Владата.
Предлогот за разрешување на дел од постојните министри и избор на нови, се очекува во Собранието да се најде некаде во јуни, најавува министерот Бујар Османи, заедно со првите луѓе во новото Министерство за политички систем, кое треба да се формира по укинувањето на Секретаријатот за рамковен договор.
„Се очекува наредните денови двајцата коалициски лидери да почнат разговори и да изградат конкретно мислење околу работата на министрите“, вели Османи.
На Османи не му се допаднал зборот „метла“ која Заев го употребува, и вели терминот бил навреда.
Слично
