Кои членови на ДИК побарале апанажа?
Апанажа побарале поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, поранешните членови Виолета Дума, Игор Милев и Субхи Јакупи, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.
Тие бараат уште една година да добиваат плата од државата. Станува збор за сума од 1000 евра.
Сашо Срцев, поранешен член од ВМРО ДПМНЕ и независните членови Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов не побарале да им се доделуваат државни средства.
Тие тројца се враќаат на претходните работни места пред да станат членови на Државната изборна комисија.
Барањата за апанажа ги поднеле пред еден повеќе од еден месец но собраниската Комисија за избори и именувања не може да донесе одлука поради блокадата од пратениците на ВМРО ДПМНЕ.
Сите членови на ДИК освен Асани Салија од БЕСА, поднесоа оставки по притисок од јавноста за исплата на надоместоци за спроведувањето на локалните избори.
Тие на 16.ноември на затворена седница си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати, а на 11.декември поднесоа оставки.
