Koго се препозна заштитениот сведок во случајот „Монструм“?
Преку камерата во судницата заштитетниот сведок во случајот „Монструм“ денеска ги препозна 3-цата од четворица обвиенти присутни во салата дека на 12 април со возило тип Голф -3-ка биле на земјениот пат на Смилковското езеро. Се работи за Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. Од предочените слики пред 6 години идентификувал уште еден обвинет, но го нема во салата. На прашањата на обвинителката Фатиме Фетаи потврди дека на Сами Љута му дал запалка од својот автомобил.
Со изменет глас заматен лик од друга просторија преку видео надзор сведокот 4 часа раскажуваше дека на 9,10,`11 и 12 април истата четворка сега обвинети доѓала на езерото, најчесто попладне. 4-то обвинетиот Фејзи Азири бил во кожено палто, Сами Љута во тексас јакна, а во нивно друштво било и лице со црвеникава брада. Не се одалечувале од автомобилот.
За убиствата прочитал на интернет и по најмногу 10 дена сам се пријавил во полициска станица, затоа што чуствувал морална одговорност да каже што знае. Фетаи побара од судечкиот совет да и ги обезбеди и двајцата обвинети избегани во соседно Косово.
На ова беше одговорено дека ги предале сите потребни документи од предметот на Министерството за надворешни работи, а во Косово е веќе стасано барање за екстрадиција.