Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА ЖЕЛБАТА Е СИЛНА, НИ НЕБОТО НЕ Е ГРАНИЦА: Количката не е пречка малиот Јане да игра фудбал

КОГА ЖЕЛБАТА Е СИЛНА, НИ НЕБОТО НЕ Е ГРАНИЦА: Количката не е пречка малиот Јане да игра фудбал

Јане има 9 години . Тој е силен. Не, тоа е мал збор. Тој е пресилен. Полн со ентузијазам. Очите му светкаат кога ќе се спомне зборот фудбал.

Неговата животна филозофија е “да не се предава” и дека сите треба “да ги следат своите соништа”. 

Врзан е за количка но сепак неговата желба не го спречува да го игра омилениот спорт фудбалот.

9-годишниот Јане Велковски е од Скопје. За него фудбалот е се во неговиот живот.

“Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде.”-вели Јане.

Приказната за силниот Јане кој има болест на мусклите која го спречува да оди, ја објави УЕФА .

Сепак, Јане раскажува дека не дозволува никој да се шегува со него во однос на проблемот кој го има. Пораката која му ја праќа на светот е дека сите деца се еднакви и дека лицата со инвалидитет можат да ги прават истите работи како и останатите.

„Дури и да не можат, тоа не значи дека не можат да уживаат во животот.”

Јане има позиција на голман. Тој е прв на игралиштето и обожава да им дава насоки на играчите од тимот.

“Кога играм фудбал се чувствувам еднаков, убаво ми е бидејќи можам да учествувам во играта,” вели тој. “Убаво ми е дека можам да ја водам екипата, дека можам да победувам и дека сум капитен. Среќен сум кога победуваме и тажен сум кога губиме.”

Јане е доста популарен и  веќе јавноста почна да го препознава.

Тој е полн со ентузијазам а фудбалот има големо позитивно влијание врз неговиот живот.

„Преку фудбалот тој беше во можност да сфати дека може да има активна улога во општеството.”-раскажува Ѓорги , таткото на Јане.


Повеќе може да прочитате за приказната со Јане може да прочитате овде.

Слично

Поврзани вести