Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Законот за јазици ќе се најде пред пратениците?

Кога Законот за јазици ќе се најде пред пратениците?

Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања изјави дека Законот за употребата на албанскиот јазик е доставен до Собранието и дека ќе биде ставен на дневен ред околу 13 септември.

„Нашите информации се дека ќе биде ставен на дневен ред некаде на 13 септември и очекуваме брзо да се усвои бидејќи законот е со европско знаменце. Тука процедурите се дефинирани. Очекуваме и повикуваме сите политички партии да гласаат позитивно за овој закон бидејќи сметам дека така на најдобар начин ќе направиме големо унапредување во делот на Рамковниот договор кој е одобрен и потпишан од сите политички партии меѓутоа и ќе покажеме волја за соживот и прифаќање на различностите“- изјави Османи пред почетокот на седницата на Работниот комитет за европски интеграции.

За законот тој очекува поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести