Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Заев ќе оди во посета на Атина?

Кога Заев ќе оди во посета на Атина?

Премиерот Зоран Заев планира по Нова година да ја посети Атина и да се сретне со грчкиот премиер, Алексис Ципрас и други високи грчки функционери. 

„Ја планирам мојата посета на Атина и се надевам на почетокот на идната година да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, со претседателот на Грција  и со грчки пратеници“- изјавил Заев во интервју за грчката агенција АНА-МПА.

Тој директно побарал поддршка и помош од грчките граѓани и, преку институциите, од грчката Влада, од опозицијата и од грчкиот парламент. За прашањето за името, рекол дека тоа „деликатно прашање и не е лесно ни за грчките политичари, но изразил подготвеност „да се обидат да се разберат меѓусебе и да поттикнат решение што ќе биде взаемно прифатливо“.

Македонскиот премиер потенцирал  дека за Македонија нема алтернатива на членството во НАТО и во ЕУ и дека Владата којашто тој ја предводи работи на реформите, особено во судството, јавната администрација и образованието, додека во надворешните односи врвен приоритет е подобрувањето на односите со соседите. 

Слично

Поврзани вести