Кога Заев ќе ги менува директорите?
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека нови смени на директори ќе има идната недела.
Станува збор за смените на функционерите од вториот и третиот ешалон. Премиерот кажа дека во тек се разговори со поголем број директори и дека некаде до 9 јули може да се очекува смена на 20 до 25 директори.
Минатата недела веќе беа сменети министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ.
Реконструкцијата Заев ја најави уште по првиот круг на претседателските избори, како одговор на незадоволството на гласачкото тело и како примена порака од граѓаните.
