Кога за прв пат се прославило за Илинденското востание?
Првата прослава на Илинденското востание била организирана во Крушево 1918 година, на крајот од првата светска војна и по повод 15-годишнината од Востанието.
Пробната прослава за Илинден во Крушево се случила во 1916 година, а официјалната била точно пред еден век, во 1918 година. Приказната почнува да се разоткрива: тогашниот кмет на Крушево, според сегашни аршини, градоначалник, и учесник во Илинденското востани, Наум Томалески, кој од тогашната комисија, формирана од македонската миграција во Софија, за Илинден, добил задача да го организира прославувањето на Илинденското востание.
Томалевски се обратил со наредба до месното население. Во прогласот било наведено: „Градот да добие свечен лик, да се истакнат црвени знамиња, јамболиите по балконите на куќите, крушевските дуќани тој ден да бидат зартворени бидејќи ќе се празнува Голем и Значаен празник од Историјата“, било наведено во прогласот на „градоначалникот“ и илинденец Томалевски.
Програмата била испечатена и поделена меѓу месното население. Се предвидувало и посета на значајните места, како Мечкин Камен, Куличе, предвидена е и панихида за загинатите илинденци.
На панихидата, која најверојатно прво била одржана во крушевската црква – Успение на пресвета Богородица, а потоа и во сите крушевски цркви, присуствувале најблиските на загинатите илинденци, како и преживеаните учесници од Илинденското востание. Биле поканети да земат учество и еминентни професори со свои трудови, меѓу кои Ѓорѓи Поп Христов, Павел Христов, значајни револуционери кои најчесто дејствувале во Битолскиот револуционерен округ (но не стигнале на прославата). Со прогласот било наредено да се затворат дуќаните, тој ден да не се работи, населението да земе масовно учество во прославата, да присуствува на местата каде што ќе се одбележува
Првите предлози за одбележувањето и
прославата на Илинденското востание во Крушево како официјален државен празник во поновата историја, биле во мај
1967-такога ентузијасти од собранието, просветни работници, одлучиле да
се одбележува Илинден. Понатаму, следуваше одлуката да се отвори споменикот „Илинден“ (1974
година).
