Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави огласот за претседател?
ВМРО ДПМНЕ со оглас ќе бира кандидат за претседател на Македонија.
Секој граѓанин на Република Македонија што сака да биде претседателски кандидат на партијата ќе може да аплицира на оглас што партијата ќе објави најдоцна до 11 јануари. Ова е решено на вчерашниот состанок на Извршниот комитет (ИК).
Огласот ќе биде отворен десетина дена по што ќе следува констатирање на листата и образложување на пријавените низ двонеделни активности. Изборната конвенција во партијата е предвидена за 16 февруари кога ќе биде позната личноста со која ВМРО -ДПМНЕ ќе влезе во претседателската трка.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски покажа голема самодоверба и очекување за сериозна победа на изборите за претседател на Македонија како најава и победнички вовед за наредните парламентарни избори. Вакви пораки тој испрати од Прилеп каде имаше марш во текот на вчерашниот ден.
Рече дека Нобеловецот Зоран Заев и СДСМ ќе доживеат тежок пораз.
