Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нов лидер?

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нов лидер?

По најавата на лидерoт на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за преземање на одговорноста за локалните избори на вонреден конгрес, Извршниот комитет  му предложи на Централниот комитет, на следната седница да почне постапка за негово организирање. Како датум е наведен 23-ти декември.

Набрзо се очекува да се одржи седницата на највисокиот партиски орган меѓу двата конгреса.

На синоќешната седница членовите на Комитетот најостро ги осудија политички монтираните обвиненија за тероризам и, како што соопштуваат, неоснованите притвори за партиските членови, уметниците, актерите и другите лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок.

„Ваквото безумие од СДС ја турка државата во уште подлабока криза, и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и на политичкиот реваншизам“- заклучува во соопштението Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Локацијата на која ќе се одржи вонредниот конгрес сè уште не е утврдена. 

Груевски е на чело на партијата четиринаесет и пол години, односно од 2003-та. Минатата недела преку интервју тој најави дека ќе се повлече од функцијата претседател поради слабите резултати на локалните избори и како што рече, со надеж дека тоа ќе помогне за разрешување на целокупната политичка атмосфера во државата.

Премиерот Зоран Заев вчера не сакаше да ги коментира внатрешните состојби во ВМРО-ДПМНЕ, но сепак изјави дека на земјава ѝ е потребна силна и конструктивна опозиција за што поодговорно владеење и реформи.

Слично

Поврзани вести