Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Владата официјално ќе ги преименува автопатот и аеродромот?

Кога Владата официјално ќе ги преименува автопатот и аеродромот?

Наскоро со одлука на Владата ќе се изврши преименувањето на скопскиот аеродром и на автопатот, што беше најавено по средбата на премиерот,  Зоран Заев со својот грчки колега Алексис Ципрас во Давос.

„Ќе треба да се донесе одлука на Влада и тоа ќе се случи во наредниот период, набргу“ – рече владиниот портпарол, Миле Бошњаковски. 

Заев во Давос најави дека во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција, Македонија ќе ги промени имињата на аеродромот и меѓународниот автопат, кој ќе се именува „Пријателство“.

Од Владата велат дека сега е вистинското време да се најде решение за разликата за името, поради политичката волја од двете страни. 

Медијаторот Метју Нимиц стигна во Македонија, и утре за таа цел ќе има средби со државниот врв. Претходно истото го направи во Грција. 

Слично

Поврзани вести