Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА ВЕЌЕ НЕ ДОАЃАШ ЗА ПРАЗНИКОТ, ИПРАТИ БАРЕМ 500 ЕВРА“: Исповед на жена од Германија која не може да ја задоволи алчноста на семејството кое живее на Балканот

„КОГА ВЕЌЕ НЕ ДОАЃАШ ЗА ПРАЗНИКОТ, ИПРАТИ БАРЕМ 500 ЕВРА“: Исповед на жена од Германија која не може да ја задоволи алчноста на семејството кое живее на Балканот

Анонимна исповед на жена која веќе пет години живее и работи во Германија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, отворајќи тема за притисокот со кој се соочуваат многу луѓе од регионот во странство.

Жената, која со сопругот живее во Германија, споделила дека двајцата напорно работат – тој на градежништво, а таа чисти домови и болници. Иако имаат стабилни приходи, нагласува дека нивниот живот е далеку од идеален.

  • Не ни е лошо, но далеку од тоа дека живееме во изобилство. Секој месец праќаме пари кај моите и кај неговите, плаќаме лекови, сметки, праќаме пакети – вели таа.

Проблемот настанал кога одлучиле оваа година да не се вратат дома за Велигден, бидејќи штедат за стан, а киријата им се зголемила за 200 евра.

Наместо разбирање, добиле забелешки.

  • Мајка ми ме праша дали барем можеме да испратиме 500 евра, кога веќе не доаѓаме, за да прослават како што треба. А јас тие пари ги заработувам чистејќи туѓи подови – напиша таа.

Таа додава дека најмногу ја боли тоа што никој не прашува како се, дали се уморни или здрави, туку разговорите најчесто се сведуваат на пари и подароци.

  • Се чувствувам како странец и тука и таму – признава таа, прашувајќи се дали греши што сака да заштеди за своето семејство, или како што ѝ велат, „станала Германка“ бидејќи не го дава последниот денар.

Оваа приказна отвори поширока дискусија за животот на луѓето од регионот во странство, каде што многумина редовно финансиски им помагаат на своите семејства, но истовремено се соочуваат со сè поголеми очекувања и притисоци.



Слично

Поврзани вести