„КОГА СТРАТЕШКИОТ ПАРТНЕР ВЕЛИ САКАМ ДА ВИДАМ АКЦИЈА А НЕ ИЗЈАВИ, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ПОЛИТИКАТА НА ПР ВЕЌЕ НЕ ПОМИНУВА“: Чупеска за изјавите на Агелер
Професорката Ана Чупеска, се осврна на вчерашните изјави на Агелер за Мицкоски.
„Вчерашната изјава на амбасадорката Агелер е брутално освестувачка:
500 милиони долари странска помош не можат да купат правда ако нема политичка волја!
И, Власта веќе не може да се крие зад грешките на претходниците.
Кога стратешкиот партнер вели „сакам да видам акција, а не изјави“, тоа значи дека политиката на ПР и префрлање вина веќе не поминува.
Или ќе има суштински реформи, или ќе останеме заглавени во статус-кво каде само елитите профитираат, а државата тоне“, напиша таа.

Слично
