КОГА ПОШТА ВРАБОТУВА - дури 280 луѓе се бараат на оглас
Во Македонски пошти треба да се вработат 280 луѓе.
Директорот на оваа институција, Еујп Рустеми, кој доаѓа од редовите на ДУИ, распиша оглас за вработување во Македонски пошти. Станува збор за јавен оглас за пополнување на 280 работни места на неопределено работно време.
Станува збор за голем број вработувања во подружниците на оваа државна институција, како што може да се види и од огласот.
Фактор дојде до огласот, па го објавуваме за читателите.

Тој не беше достапен да ни одговори на прашањето, а му испративме и СМС порака. Штом ќе го добиеме неговиот став, ќе го објавиме во целост.
Ова не е прво вработување во Пошта. Во октомври лани беше распишан оглас за 80 нови вработувања, а директорот Рустеми тогаш ни изјави дека тие вработувања биле неопходни, бидејќи Пошта ја напуштиле многу вработени, што по основ на пензионирање, што по други основи.
