КОГА ПОПОТ МНОГУ ЌЕ СЕ ИЗНЕРВИРА - и ќе рече „Вие сте багра народ“
Не стивнуваат реакциите од инцидентите што се случија вчера во некои градови при фрлањето на крстот, по повод верскиот празник Водици, кога граѓани буквално се испотепаа за да го земат, а беа регистрирани и непријатни настани со крадење на крстот и повторување на фрлањето.
Во Валандово се случи попот толку многу да се изнервира, што дури и со погрдни зборови зборуваше на микрофон, нарекувајќи ги багра оние што не ги почитувале правилата и прописите. Таму најпрво крстот го фатил човек кој воопшто не бил пријавен, а потоа во фрлањето повторно учествувале луѓе кои не се пријавиле. На третото фрлање крстот го фатил Костадин Георгиев.
Ова е видеото кое осамна и на Јутјуб.
„Културата си ја покажувате на овој начин. Срам сте, срам. Багра народ. Култура имате вие? Спрема црквата, спрема крстот? Ништо немате вие. Срам да ви е“, рече попот.
Инциденти се случија и во многу други градови.
